Интересно инфо за виното, кое ќе го предизвика вашето внимание!
Вистината е во виното“ – изрека која сите многу добро ја знаеме, а посебно љубителите на вино.
Овој пијалак е многу стар и со себе носи долга традиција и историја, за која многу малку луѓе знаат.
На пример, дали знаете кое е најстарото вино? Дали знаете какви бенефити имаме од него?
Доколку не знаете, прочитајте ги следниве факти и совети за виното, кои сите негови љубители треба да ги знаат:
Како правилно да ги чувате шишињата вино?
Експертите советуваат дека шишињата вино треба да се чуваат во хоризонтална положба. Така и плутата ќе се навлажни и нема ад се исуши, во спротивно, во шишето ќе навлезе воздух и виното ќе оксидира.
Виното е добро за мозокот
Според неодамнешни истражувања, докажано е дека сомелиерите имаат дел во мозокот кој е одговорен за препознавање мириси, многу повеќе отколку останатите луѓе. Во 2014-та пак, е покажано дека скромното консумирање на вино помага да се намали ризикот од пад на когнитивните способности.
Најпопуларна врста на грозје
Најпознатата врста на бело грозје е шардоне, па затоа најпопуларните бели вина се направени од него. Шардонето ги воодушевува неговите љубители со богатиот овошен вкус и специфичната арома.
Пиењето вино го намалува ризикот за заболувања
Истражувањата покажале дека умерено консумирање на вино може да го намали ризикот од мозочен удар, срцев удар и кардиоваскуларни болести, а црвеното вино спречува болести како Алцхајмер.
Бојата на виното
Многумина се лажат кога мислат дека белото се прави само од бело грозје, а црвеното вино од црно грозје. Всушност, бојата многу често зависи од лушпата на грозјето, па така и белото вино може да се прави од црно грозје, но ако претходно се отстрани лушпата.
Синергија на вкус
Виното и храната речиси секогаш одат заедно и го надополнуваат вкусот, кој не може да се постигне доколку консумирате само вино или само храна. Но, за да се постигне таа синергија, важно е и да знаете кое вино со која храна одговара.
Како да пиете вино од чаша?
Според бонтон правилата, чашата треба да се држи во долниот дел како на фотографијата, бидејќи во спротивно ако раката ви стои горе, ќе го загреете виното со дланката и ќе се уништи вкусот.
Најлоши места за чување вино
Кујната и фрижидерот се дефинитивно најлошите места за чување вино, со оглед на тоа што виното не сака ниту премногу висока ниту ниска температура. Затоа, чувајте го виното на темно место на собна температура.
Вино со газирани пијалаци и крв од кобра
Некои гурмани преферираат виното да го мешаат со газирани пијалаци, тврдејќи дека тоа помага вкусот на виното да добие појак интензитет, иако не многумина го препорачуваат тоа, барем кога се работи за квалитетно вино.
Колку грозје е потребно за едно шише вино?
Во едно шише вино има отприлика 1 килограм грозје, но сепак тоа зависи од многу работи, па не мора да значи дека секогаш е така.
Каде се прави виното?
Виното се прави речиси во сите делови на светот, освен на Антарктикот, каде климатските услови не се погодни за развој на овој занает.
Кое е најдоброто младо вино од Македонија?
Здружението на винари на Македонија , сочинета од голем број на еминентни енолози и вински експерти во 2022 оценуваа голем број на вина кои доаѓаат од нови винарии, и за најдобри ги оценија Шардоне и Мерло од радовишката винарија Кукутанов.