Кравјото сирење пред спиење ги топи килограмите, тврди новото истражување

Стартот на диетата никогаш не е лесен, особено што мора да ги смениме навиките и да прифатиме нови. Кога ќе се навикнеме на еден начин на исхрана, тешко е потполно да го смениме, но кога ќе знаете ситни трикови за помош, се станува олеснето.

Најновото истражување тврди дека една намирница е особено добра за слабеење, особено кога се јаде во вечерните часови.

 

Станува збор за свежото кравјо сирење кое има големи предности за нашиот организам, но и за слабеењето. Научниците велат дека 30 грама од ова сирење е одличен избор за топење на мастите во текот на сонот благодарение на состојката казеин. Оваа состојка ја забзрува регенерацијата на мускулите и го забрзува метаболизмот.

30 грама кравјо сирење пред спиење и прескокнување на доцен оброк, според истражувањето, носат видливи резултати во намалување на килограмите. Можеби, вреди да се проба, нели?

Translate »