Пирели календар 2019: со жени кои ги следат своите соништа
Новиот календар на компанијата Пирели во кој се појавуваат манекенката Џиџи Хадид, балерината Мисти Коупланд и дизајнерт Александар Ванг, ги претставува жените како амбициозни уметници кои ги следат своите соништа. „Сонување“ е темата на календарот, а фотографиите замислени како филмски кадри ги потпишува Алберт Вотсон.
Ако во минатото календарот беше со сцени на секс и изразена голотија, Вотсон избра да покаже „жени кои сонуваа за нештата“.
-Календарот на Пирели во своите корени беше пинап календар наменет за механичарите кои менуваат гуми – вели Вотсон.
Пирели, италијанска компанија за автомобилски гуми, имаше цел да направи секси календар кој ќе биде закачен на ѕидовите на механичарските работилници.
-Компанијата долго време држеше до тој секси концепт, но кога дојде јас да го правам календарот, ми се чинеше погрешно да ги одведам манекенките на плажа и да ги фотографирам разголени. Тоа е толку погрешно во добата на #MeToo движењето – смета фотографот.
Наративите, снимени во Мајами и Њујорк, се вртат околу четири гламурозни женски филмски ликови и нивното патување до успех. Коупленд, примабалерина во Американскиот балетски театар, ја игра улогата на танчерката во стриптиз клуб во Мајами со амбиција за многу повеќе. Хадид е меланхолична наследничка која само што раскинала врска. Летиција Каста сликарка и боем, а актерката Џулија Гарнер глуми фотографка.
Мажите во приказните имаат споредни улоги. Модниот дизајнер Александар Ванг ѝ е пријател од доверба а Хадид. Танчерот Сергеј Полунин ѝ е дечко на Каста, а друштво на Мисти ѝ прави балетанот Келвин Ројал III.
Претходните календари на Пирели, како и повеќето календари, биле врзани со спирали, овогодишните фотографии се претставени во црна кутија, дизајн на уметничкиот директор Фабиен Барон.