Со многу смеа и забава се одржа завршната претстава од проектот наречен „Хокус покус, рециклирањето е вофокус“

 Во преполната сала на Македонската Филхармонија беше одржана и третата завршнапретстава на проектот наречен„Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, кој „Пакомак“, заедно со еко магионичарот Кристијан Шопов, го намени за децата од предучилишна и од училишна возраст.Станува збор за забавна магионичарска претстава во која преку хумор, смеа иинтеракција децата учеа за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина.

 “Невозможното и мистериозното зачинето со хумор секогаш буди интересот кај публиката. Нема човек што не сака да се насмее и да види нешто интересно, необјасниво. Дополнително кога знаеш дека пренесуваш еко-порака, која треба да ги мотивира децата да селектираат отпад и со тоа да создадат почист свет, задоволството е уште поголемо, изјави еко магионичарот Кристијан Шопов, кој е истовремено и големе кологист, илузионист и хуманист.

Претставата во која децата се едуцираа, дека стаклото треба да го фрлат во зелениот контејнер, хартијата во синиот, а пластиката и лименките во жолтиот контејнер ја видоа и над 33.700 деца во Скопје од 52 училишта и уште 17.000 деца од 45 училишта од 7 градови од Македонија. Проектот го поддржаа Пивара Скопје и Холандската амбасада во Македонија, традиционалните партнери на Пакомак кога станува збор за екологија.

Заистата претстава/проект Пакомак – Друштвоза управување со пакување и отпад од пакување доби и национална награда за 2018 година за општествено одговорни практики од Министерство за економија на Република Македонија.

Проектотсе покажа извонредно успешен и претставува позитивно искуство за децата,наставниците, родителите и за нас како еко компанија со јасна еко-визија. Станувазбор за интерактивен проект во кој децата се инволвираа, прашуваа прашања, сеедуцираа на еден непосреден и забавен начин, што посебно им се допадна. Тоа заПакомак е потврда за она што го прави, а тоа е влог во нашите деца и нивнатаиднина. Важно е децата да имаат високоразвиена еколошка свест за да живеат воиднина во почиста животна средина“ – изјави Ико Брдароски, менаџер за грижана корисници во Пакомак.

Translate »