Извлечени паровите за осминафиналето во Лигата на шампионите
Денес во Нион беа извлечени паровите за осминафиналните дуеали во најпрестижното европско натпреварување Лигата на шампионите. Нокаут-фазата ќе донесе интересни натпревари, во кои минатогодишниот финалист Ливерпул ќе се сретне со Барен од Минхен, Атлетико Мадрид оди италијанскиот шампион Јувентус, а бранителот на титулата Реал Мадрид на патот до четвртото последователно финале ќе го има холандски Ајакс. Нокаут-фазата на Лигата на шампиони продолжува во февруари.
Двојките во осминафиналето:
Шалке 04 – Манчестер сити
Атлетико Мадрид – Јувентус
Манчестер јунајтед – Пари Сен Жермен
Тотенхем – Борусија Дортмунд
Лион – Барселона
Рома – Порто
Ајакс – Реал Мадрид
Ливерпул – Баерн Минхен