По 5 години во кома, Михаел Шумахер повеќе не е „врзан“ за кревет!
За десетина дена ќе поминат точно пет години од големата несреќа која легендарниот Михаел Шумахер ја доживеа на скијањето во Франција. Од тој момент во јавноста за негова здравствена состојба се знае многу малку.
Семејството на Шумахер после таа несреќа одлучи да го „сокрие“ легендарниот возач во Формула 1 од очите на јавноста. Според медиумите, тој неколку години поминал во целосна парализа и без премногу знаци на живот.
Меѓутоа сега се појавуваат информации дека Шуми се чуствува многу подобро и дека од ден во ден се повеќе напредува. Се уште нема официјални информации, но „Дејли Мејл“ утрово ја воодушеви јавноста со информацијата дека Шумахер повеќе не е „врзан“ за кревет.
Несреќата која го промени животот на Шумахер се случи на 29-ти декември. Наводно, сега веќе тој не е „врзан“ за кревет и се чуствувам подобро, но и понатаму е заштитен од јавноста. Се наоѓа во вила која вреди 50 милиони евра и англискиот медиум тврди дека неделно за неговото лекување се трошат 50.000 фунти.