Прва жртва на играта “Синиот кит” во Македонија, момче се самоуби во Кочани
14 годишно момче од кочанското село Кучичино си го одзеде животот со бесење, трагедијата силно одекна на истокот, но и на социјалните мрежи. Момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата. Не оставил писмо, зошто тоа го сторил? До редакцијата на КОД на Телма пристигна анонимна дојава од жител од овој регион дека момчето е првата жртва на видео играта Синиот Кит. Во селото Кучичино се се случува на сред село. Жителите расположени за разговор, но кога ги прашавме за случајот реакцијата им беше дека темата им е премногу болна.
Со случајот се запознати и првата детска амбасада „Меѓаши“.
Засега причините за смртта на момчето се базираат на претпоставки, а не и на докази. Семејството побарало да се изврши вештачење на мобилните телефони и на компјутерот, но надлежните институции досега ги немаат земено. Родителите скршени од болка не сакаат да говорат. Средината е изненадена, шокирана од чинот кој го сторил момчето, бидејќи го опишуваат како ведар лик.
Никој не забележал нешто чудно во однесувањето на деветто одделенецот, ниту пак некоја форма на самоповредување.
Видео игрите станаа секојдневии на децата и тинејџерите. Направени се на принципот на наградување, која што е и една од мамките за младата популација. Психолозите и педагозите предупредуваат дека постои зависност од видео игри, а сипмтомите се исти како и кај зависност од алкохол, дрога.
Светот сериозно работи на оваа тема. САД и одредени европски држави веќе имаат центри, во кои се одвикнуваат младите од видео игри, а во самиот воспитно образовен процес и отворено се говори за нив.
Кучичино е на само10 километри од Кочани и сеуште е живо село. Во него учат 35 ученици од прво до деветто одделение на кого модерните медиуми им се достапни без проблем. Наставниците кои отворено говореа пред камерата на КОД и родителите сметаат дека треба да се отворат очи и да имаат контрола на тоа што работат децата на компјутерите или паметните телефони.