Удри во тунелот и сепак остана жив (Видео)
Возач преживеа сцена од акционен филм, откако заспа зад воланот на неговото BMW.
Надзорните камери ја снимија неверојатната сообраќајна несреќа на автопат во Словенија, во близина на Попрад.
44-годишниот возач поради умор заспал зад воланот и точно пред влезот во тунелот неговото BMW почнува да застранува на десно.
Бетонската препрека во која удри непосредно пред тунелот во случајов имаше својство на рампа, па возилото „полетува“ нагоре и удира во горниот дел од тунелот Борик.
Како во акционен филм, возилото потоа се врти за полни 360 степени и „слетува“ на тркала и продолжува да се движи низ тунелот во истиот правец како претходно.
Иако оваа несреќа изгледа страшно и на фотографиите се гледа дека автомобилот е целосно смачкан, возачот помина без потешки повреди.