Просечната нето плата во Хрватска, колку две македонски

Просечната исплатена нето плата во Хрватска платена за октомври 2018 година изнесува 6.281 куни (846 евра), повеќе од две македонски просечни плати.

Заработката во Хрватска во просек на годишно ниво е повисока за 2,8 отсто, според податоците на Централниот завод за статистика (КБС).

Највисока просечна нето плата во октомври била исплатена за вработените во воздушниот сообраќај, 11.226 куни (1.512 евра) и најниска, од 4.126 куни (556 евра) на работници во секторот за други лични услужни дејности.

Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија по вработен, во октомври 2018 година, изнесува 24 817 денари(403 евра) и е зголемена за 6,3 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен има во секторите: Рударство и вадење на камен (22.2 %), Информации и комуникации (18.7 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).

Translate »