Во Франција околу 43 000 луѓе останаа без работа поради протестот на „жолтите елеци“”
Во Франција околу 43 000 луѓе останаа без работа поради протестот на „жолтите елеци“”, кој почна во земјата на 17 ноември.
Според француското Министерство за економија, бројни компании претрпеле огромни материјални штети поради протестот на „жолтите елеци“, пренесуваат агенциите.
За време на протестот загинаа десет лица, а притворени се 4 341 лице, додека повеќе од 1 000 беа повредени. Антивладините протести на „жолтите елеци” најмногу влијаеја на падот на економскиот раст, како и на светските трговски војни кои предизвикаа недостиг на деловна безбедност во многу земји.
Движењето „Жолти елеци” е именувано по безбедносните флуоресцентни елеци, кои сите возачи во Франција мора да ги имаат во автомобилите. Протестите започнаа во средината на ноември против најавеното зголемување на данокот на гориво.