Љубовната приказна на премиерот Заев и сопругата Зорица

Љубовната приказна на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, дипломиран економист, датира уште од средношколските клупи. Тие се разлика само една година и првите симпатии меѓу нив се од средбите во училишните ходниции и од вечерните генерациски излегувања. 

Почнале да се забавуваат дури по една година дружење.- Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес – раскажа Зорица Заева пред неколку години.






Сопругата на премиерот во истата прилика откри дека се познаваат уште од деца, од времето кога родителите на Зоран живееле во стан во истото маало, оддалечено на триста метри од нејзината зграда. Првата комиуникација ја имале кога таа била во трето, а Зоран во четврто одделение, на настава во природа во некогашното детско одморалиште во местото Суви Лаки, Беровско. Но, тогаш било далеку од симпатии и од љубов. Нивното познанство прераснало во нешто посериозно во средношколските денови. Последната година на Економскиот факултет во Скопје почнале и заедно да живеат.  

Целата приказна читајте ја на Женски магазин, тука.

Translate »