Која е Инес де Рамон, убавата 30-годишна бринета која го освои срцето на Бред Пит?
Не стивнуваат гласините во врска со Бред Пит и 29 години помладата Инес де Рамон, особено по нивните сè почести заеднички појавувања во јавноста.
Парот беше забележан зад сцената на концертот на Боно во Лос Анџелес, во ноември 2022 година, а само неколку дена подоцна извор за американските медиуми изјави дека Пит и Де Рамон се забавуваат неколку месеци.
Во декември 2022 година, актерот пристигна во друштво на убавата Инес на премиерата на својот филм „Babylon“ во Лос Анџелес, а заедно го прославиле и неговиот 59-ти роденден. Парот наводно заедно ја дочекал Новата година, а сега е на одмор во Мексико.
Која е Инес де Рамон?
Пред врската со Бред, Де Рамон беше во брак со Пол Весли, актерот од „The Vampire Diaries“, а парот „тивко“ се разведе по 3 години во септември 2022 година.
Де Рамон дипломирала деловна администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година, а поседува и сертификат од Институтот за интегративна исхрана. Меѓутоа, поголемиот дел од нејзиното професионално искуство е во индустријата за накит. Според нејзиниот „LinkedIn“ профил, претходно работела во одделот за накит во „Christie’s“ и во луксузната швајцарска продавница за накит „De Grisogono“.
Де Рамон моментално работи како потпретседателка на брендот за накит „Anita Ko Jewelry“ со седиште во Лос Анџелес, кој помеѓу своите обожаватели брои ѕвезди како Хејли Бибер, Кортни Кардашијан и Менди Мур.