8 најскапи хотелски соби во светот!
Има скапи хотели во светот, но има и прескапи. Ова се осумте најскапи кои малкумина можат да си ги дозволат.
8. Presidential Suite, Mandarin Oriental – Њујорк
Цена: 33.800 евра
Suite 5000 се наоѓа на 50-тиот кат на хотелот Mandarin Oriental и во него се одржуваат годишни изложби на етаблирани и нови уметници. Исто така, апартманот има колекција филмови за Големото јаболко, како и колекција плочи.
7. Grands Appartments, Hôtel de Crillon – Париз
Цена: 36.600 евра
Овој дуплекс е дизајниран од познатиот дизајнер Карл Лагерфелд. Изгледот е главно париски барок, надополнет со модерни елементи како приватен бар, подно греење и батлер.
6. Penthouse Suite, Grand Hyatt Cannes Hôtel Martinez – Кан
Цена: 38.800 евра
Овој хотел има долга и богата историја и пречекал многу ѕвезди во текот на филмските фестивали. Апартманот е еден од најголемите во Европа, терасата гледа на булеварот Ла Кроазет, заливот на Кан и приватната плажа.
5. Ty Warner Penthouse, Four Seasons – Њујорк
Цена: 39.900 евра
Ty Warner Penthouse е највисокиот апартман во Њујорк. Во сите соби се искористени артизански материјали од типот на венециско кадифе, кинески оникс и јапонска свила. Стаклените балкони, четири на број, и стаклените прозорци од под до таван овозможуваат поглед од 360 степени.
4. Hilltop Villa, Laucala Island – Фиџи
Цена: 54.900 евра
Овој апартман го опишуваат како хотел во хотел. Има панорамски поглед од
надворешниот базен, необичен дизајн и зелени уредени градини. Има и
дадилка, приватен готвач и шофер, како и опција за прошетки низ
плантажите.
3. Private Island, Cheval Blanc Randheli – Малдиви
Цена: На барање
Оваа вила е на сопствен приватен остров и има базен од 25 метри, приватни готвачи, надворешен туш и еден куп производи на францускиот дизајнер Герлен.
2. Royal Penthouse Suite, President Wilson Hotel – Женева
Цена: 66.500 евра
Овој апартман минатата година беше на првата позиција како најскап во
светот. За оваа цена добивате тераса со површина од 1.700 квадратни
метри и поглед кон Женевското Езеро. Добивате и 12 бањи и спиете во
простории прозорци отпорни на куршуми.
1. The 13 – Макао
Цена: 72.100 евра
Овој казино-хотел во Макао е еден од најскапите кога било изградени. Цената на една гостинска соба е околу 5,5 милиони евра, па оттаму и цената за престој во една од нив.