Икарди го плаќа за да ја „масира“ Ванда по градите и задникот (ВИДЕО)
Ванда Нара е контроверзната аргентинска старлета и сопруга на Мауро Икарди, првата ѕвезда на Интер, која се најде во центарот на вниманието откако како менаџерка на својот животен сопатник објави дека голгетерот е предалеку од нов договор со „нераѕурите“.
Но, освен што ги шокира сите со изјавите за новиот договор со Интер, наводно и дека бара девет милиони евра годишно за својот мауро, Ванда се најде во центар на вниманието откако објави видео на кое непознат маж ја подготвува старлетата за снимање, па ја „масира“ по градите и задникот.
После објавувањето на видеото, италијанската јавност „збесна“ и ја нападна Ванда, дека го користи Икарди. Ванда воопшто не ја сака ниту сестрата на Мауро, која неколкупати по социјалните мрежи објавуваше дека е алчна за пари и дека со Икарди е само поради милионите.