Ципрас ги најде шестмината пратеници кои ќе гласаат за Преспанскиот договор

Се било договoрено на тајните разговори , кои деновиве, далеку од очите на јавноста, се одвиваа во премиерската резиденција, пренесуваат грчките медиуми. Мегу шестмината пратеници кои ќе се приклучат на парламентарците на Сириза и ќе гласаат за доверба на владата а потоа и за Договорот од Преспа, се четворицата парламентарци од “Независни Грци” на Панос Каменос, еден пратеник од “Потами” и уште една пратеничка од партијата “НЕО”.

Се работи за следниве пратеници од партијата “Независни Грци”: Елена Контура, министерка за туризам; Василис Кокалис, заменик министер за земјоделство ; Танасис Папахристопулос, претендент за местото заменик министер за труд и Костас Зурарис, на кого му е ветено дека ќе биде заменик министер за Македонија и Тракија.

Од партијата “Потами “за Договорот ќе гласа Спирос Данелис, а од партијата “НЕО”, Катерина Папакоста, која во моментов е
заменик министер за цивилна заштита на Грција .

Според пишувањата на весникот “Ефемерида”, Ципрас на шестмината пратеници им ветил дека или ќе останат на истите функции или ќе бидат наградени со нови позиции.

Ципрас со овие шест парламентарци ќе го обезбеди неопходното мнозинство од 151 пратеник за да ја потврди довербата на владата и да го ратификува Договорот за името.

Горе, од лево: Зурарис,Данелис, Контурас
Долу, од лево: Папакоста, Папахристопулос, Кокалис



Translate »