Дали Зоран Заев би бил идеален консензуален кандидат за претседател на Македонија
Премиерот Зоран Заев себеси се смета за идеален консензуален кандидат за претседател на Македонија, но тој сепак нема да се трка за оваа функција.
„Јас би бил добар консензуален кандидат, гледајќи ги
анкетите и рејтинзите, посебно мултиетнички гледано, но знаете дека јас
не сум кандидат, заради тоа што одговорноста ја чувствувам во она што се
вели, да се сработи тоа што е ветено на граѓаните. Верувам, дека по
групни и тешки, односно нималку лесни одлуки, коишто се донесоа,
добиваме ‘убав ветар во грб’. Треба да сработиме. И се сметам за
поприлично млад“, вели Заев.
Oсвен ДУИ, Заев ги повика и Алијанса за Албанците и двете крила на БЕСА, да се вклучат и да се најде заедничко решение. Иако партијата распиша оглас за кандидати, вели дека деновиве интензивно се разговара со коалиционите партнери, но и со партии кои не се дел од коалицијата, се прават анкети и анализи, по што ќе се донесе конечната одлука за тоа кој би бил најсоодветен кандидат зад кој би застанале сите.