Ресторан над кањон во Мексико од кој запира срцето
Бирото TALL Arquitectos од Мексико проектирало ресторан кој ја задоволува човековата страст, место и поглед од кој запира срцето, јавува Architizer .
Нивите провокативни 3Д презентации го прикажуваат Birе Bitori, луксузен ресторан и коктел бар вграден во карпата високо над прекрасен природен пејзаж. Положбата на објектот ќе им овозможи на посетителите прекрасни панорамски погледи на кањонот и познатите водопади Basaseachic Falls – само на оние кои можат храбро да прошетаат низ огромниот стаклен кат на објектот .
Архитектонскиот концепт е ресторан и отворена тераса сместен на надвиснатиот волумен над кањонот Copper Canyon на висина од околу 1800 метри, во северозападниот дел на Мексико.
Влезот на комплексот е означен со минималистички ѕид и вода, а позади него чека изненадување од кое застанува здивот. Ентериерот се карактеризира со палета на природен материјал и од сите страни е опкружен со долги стаклени отвори кои во секое време овозможуваат поврзување со извонредниот пејзаж.
извор Порта3