Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев по состанокот со Сојузот на стопански комори рече дека донел одлука да ги разреши сите претседатели на општински ограноци во СДСМ, и дека тоа е дел од почетокот на промените кои ги очекуваат граѓаните.

– Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, дружењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, како и на сите оние претседатели на општинските организации каде се победи на изборите. Апелирам повторно да бидат кандидати и да се кандидираат на следниот конкурс што идната седница ќе биде објавен – рече Заев.

Премиерот рече во првата половина на јуни ќе ги објават промените и во јавните претпријатија, министерствата и владата и дека следната недела ќе има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи до кајот на неделата ќе се разговара во рамки на партиите.

– Одлуката ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството. Конечната одлука е таа сите претседатали на општински организаци, и веднаш органите и телата на партијата ќе донесат одлука за постапка за избор на нови раководства. Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани. Постојат за да бидат добра алка за премостување и решавање на проблемите на граѓаните, се со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што постои пред нас – рече Заев.

Тој кажа дека почнал со општинските организации, бидејќи тоа е наједноставно, односно дека со статутот за тоа одлука носи само тој, а другите промени се во одлуки на органите и телата на СДСМ.

– Секако следат одлуки за промени во највисокото раководство, во другите повисоки органи и тела на партијата, буквално на секое ниво – рече Заев.

Translate »