Зачини кои лекуваат
Зачините не само што го подобруваат вкусот на храната туку и здравјето. Сушеното луто пиперче, магданосот, биберот и ориганото ќе направат да се чуствувате поздраво и повитално.
Лутото пиперче е богато со капсаицин кој има антивоспалителна функција која ја ублажува болката. Колку пиперката е полута, толку повеќе има капсаиицин. Покрај ублажувањето на болката, пиперчињата помагаат да се ослободиме од секретот во носот и белите дробови, што ги прави одлични за лекување на настинка и други болести на респираторниот систем.
Магдоносот го содржи соединението миристицин кое спречува формирање на канцерогени тумори, особено тумор на белите дробови. Ако на тоа ги додадеме и виталните нутритиенти како што се витамин Ц и А и фолната киселина, јасно е дека ова растение е значително повеќе од само декорација на чинијата.