Се зголемува цената на цигарите: Еве колку ќе плаќаат пушачите за кутија
Пушењето цигари станува поскапо за македонските граѓани.
Поскапea цигарите во Македонија.
Во продавниците од минатата недела поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.
Пушачите поскапо плаќаат за неколку познати брендови на цигари.
Засега нема информации за поскапување на други брендови на цигари.
Во согласност со планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари да чини скоро 300 денари.Пред девет месеци цената на цигарите скокна за 5 до 10 денари.
И во 2017 година цигарите имаа корекција на цената.
Месечниот трошок за цигари станува голем за едно македонско семејство.
„Со сопругот месечно трошевме по 5.500 денари за цигари, што навистина е многу и решивме да ги намалиме тие трошоци така што купуваме тутун и сами правиме цигари. На овој начин трошокот е двојно помал. Веќе не можам да си дозволам да купувам цигари, затоа што нашите примања не се големи, живееме со 22.000 денари месечно“, вели Сашка Ц. жена која пуши цигари повеќе од 10 години.
Новите цени ќе бидат нов ценовен шок за оние кои не можат да се откажат од пушењето.