Маж запалил автобус со 51 дете во Италија

Маж се обидел да киднапира училишен автобус со 51 дете во Италија.

Едно од децата повикало полиција, а штом таа пристигнала, осомничениот го полеал возилото со запалива течност и рекол „Никој од тука не излегува жив“.

Четириесет и седумгодишниот маж бил уапсен и за среќа немало жртви. Поради вдишување чад, дванаесет деца и двајца возрасни биле однесени во болница.

Мотивот за нападот не е познат, иако неофицијално човекот на полицијата и кажал дека сака да се самоубие и „да ги спречи умирањата во Медитеранот“.

Според новинската агенција Анса, рацете на некои од децата биле врзани со електрични кабли за време на немилиот настан.

– Во овој момент полицијата го пребарува неговиот дом. Сакам да знам зошто таков човек возел автобус со деца? – изјавил екстремнодесничарскиот вицепремиер во Италија, Матео Салвини.

ФОТО: EPA / Daniel Dal Zennaro

Translate »