Бил бездомник и постојано го тепале пијаници, а сега е богаташ кој во својата компанија вработува само бездомници и лица со посебни потреби

Дру Гудал има животна приказна со која би можел да сними филм, а она што е најважно е дека неговата приказна ги “оживеа” многумина кои дигнале раце од животот.

Овој Британец отсекогаш сакал да биде глумец и кога имал 20 години, после училиштето за глума успеал дури и да “улови” некои помали улоги. Се појавил во филмовите “Snatch” и “About a boy” и запознал големи имиња како Бред Пит и Хју Грант. 

Меѓутоа, критиките на сметка на неговата глума потполно го уништиле и му промениле сè во животот. Снемал пари, а не сакал да се врати кај своите родители на кои не сакал да му се пожали. Како што рекол, тоа за него би бил тотален пораз. Така станал бездомник и наредните 6 месеци живеел на картонски кутии во текот на 90 години.

Секој ден била лута борба за опстанок, а просел за храна за да преживее. Повеќе пати бил сериозно претепан од пијаници и други бездомници. Спиел на картонски кутии преку патот на лондонската академија за глума, а покрај тоа што немал ништо, се борел и со депресијата.

Сепак, животот уште еднаш му се променил кога започнал на улица да чисти чевли за да заработи за храна. Се сеќава дека мора да биде посебно внимателен за да не го уапси полицијата, се додека еден од неговите редовни клиенти не му предложил да ја прави истата работа во неговата канцеларија.

И веднаш штом заработил повеќе пари, Дру одлучил да направи нешто лудо. Основал компанија која ја нарекол Сјај на сонце и полирање чевли.

Денес соработува со престижни компании ширум Лондон чии директори и менаџери имаат сјајни чевли. Денес Дру заработува повеќе од 250.000 фунти годишно, а поголемиот дел од парите ги дава во хуманитарни цели. Она на кое е посебно горд е тоа што во својата компанија вработува бездомници и луѓе со посебни потреби.

Досега вработил околу 40 бездомници, а еден од неговите вработени е Алан Валтон кој има 45 години, кој претходно 15 години бил без работа.

Translate »