ДИК: Стево Пендаровски со 42,83 отсто, Гордана Силјановска Давкова со 42,25 отсто, Блерим Река со освоени 10,58 отсто од гласовите.

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,57  отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,83 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,25 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,58 отсто од гласовите.

Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 322,605 граѓани, за Силјановска-Давкова 318,247 , а за Река 79,725 граѓани. Неважечки се  32,703 ливчиња.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,78 отсто или на гласање излегле 753,267 граѓани.

Translate »