Пендаровски: Едвај чекам да се фатам со работа – ќе победиме!

После 97,55% преброени гласачки места, Стево Пендаровски има благо водство со 316,716 гласови, наспроти Гордана Сиљановска-Давкова со 315,651 глас и Блерим Река со 76,697 гласови.

На прес-конференцијата од штабот на СДСМ покрај лидерот на партијата и премиер на државата, Зоран Заев, се обрати и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Јасно е мнозинската поддршка е од граѓани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми и други. Води во првиот круг концептот заедно, тоа е дел од единствениот успешен концепт за сите нас и за нашата држава. Концептот заедно ќе победи и во вториот круг на претседателските избори на 5-ти мај“, порача кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.

„Почитувани пријатели, мнозинстовото граѓани се изјаснија дека сакаат напред. Тоа е другиот дел од успешниот концепт на сите нас, концептот заедно напред ќе ја заокружи победата во вториот круг. Денешното гласање помина во демократски дух, очекувам така да продолжиме и на 5-ти мај, затоа што заедно напред не е само концепт, туку значи и конкретна акција“.

„Едвај чекам да се фатам со работа на патот кон евроатлантска и економски развиена Македонија, за сите, од позиција претседател на државата, затоа што десет години оваа земја немаше претседател. Да не ѝ го правиме повеќе тоа на нашата земја. Изборот во втиот круг ќе биде полесен, затоа што разликата помеѓу мене и Гордана Сиљановска-Давкова е огромна“, изјави Стево Пендаровски.

Translate »