„Пакомак” и оваа година го одбележува 22 Април – Денот на планетата Земја, со корисни совети за зачувување на животната средина
„Пакомак” и оваа година го одбележува 22 Април – Денот на планетата Земја, мотивирајќи го насeлението активно да учествува во зачувување на животната средина. Темата на годинешното меѓународно одбележување на Денот на планетата Земја е „Инвестирај во нашата планета” (Invest in our Planet) и има цел да едуцира и да ја подигне свеста за животната средина.
За таа цел, оваа година, „Пакомак” преку еко совети мотивира и инспирира да дејствуваме со заедничката визија, заедно да го минимизираме негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина.
1. Селектирајте го соодветно амбалажниот отпад во сините, жолтите и зелените контејнери на „Пакомак”
2. Користете платнени торби за пазарење место неразградливи пластични кеси за една употреба.
3. Потрудете се барем денес да не употребувате печатар за хартија. Потребни се повеќе дрвја за да се направи еден тон 100% нерециклирана хартија. Просечниот канцелариски работник продолжува да користи неверојатни 10.000 листови хартија за копирање секоја година. Значителни 45% од таа бројка листови завршуваат во отпад или фиоки каде испечатените информации не се погледнуваат и користат по втор пат.
4. Секогаш кога можете, на работа одете пеш, со велосипед или со јавен превоз наместо со автомобил. Понудете им заеднички превоз на колегите кои живеат во ваш правец. Организирајте се да се превезете заедно со сопственикот на возилото кое е најмал загадувач.
5. Престанете да употребувате пластични цевки за една употреба
6. Поддржете ги локалните производители и продавачи на органска храна.
7. Хартиените ролни во кујната, заменете ги со платнени крпи.
8. Потсетувајте ги колегите од тимот за важноста да штедиме електрична енергија. Исклучете ги компјутерите кога не ги користите и поставете мали потсетници до прекинувачите со пораки да се гаси светлото.
9. Информирајте се за локалните еко акции и приклучете се во истите.
Преку овие еко совети, „Пакомак” продолжува со својата мисија активно да апелира целото општество да го преземе својот дел од одговорноста и сите заедно повеќе да се ангажираме во решавањето на проблемот со загадувањето на околината, со што ќе создадеме здрави и добри навики но и услови за одржлива иднина за нас и за идните поколенија.
Направете го секој ден, ден на планетата Земја!