Колку време е потребно за колагенот да даде ефект? Кој тип на колаген е за обнова на рскавица, а кој за кожа?

Колагенот е најзастапен протеин во човечкото тело, неопходен за нормално функционирање на многу негови делови. Се наоѓа во цревата, мускулите, коските, кожата, тетивите, па дури и во нашите внатрешни органи.

Нашите тела природно произведуваат колаген, но како што старееме, брзината со која произведуваме колаген се намалува – оттука, почнува да се забележува застарена кожа, брчки и болки во зглобовите. Затоа, треба да се почне со внес на колаген во телото веќе по 20тите години.

Колку време е потребно за да се забележат првите придобивки од земање колаген?

Времето што е потребно за да функционира колагенот зависи од моменталните нивоа на колаген во телото. Доколку нивото на колаген во телото е ниско може да забележите поголема разлика откако ќе почнете да внесувате секојдневно колаген. Во случај на високо ниво на колаген, дејството е помало.

Доколку се внесува колаген за подобрување на сотојбата со кожата, разлика може да се забележи за неколку недели. Подобрување на еластичноста на кожата за осум до дванаесет недели!

Според една студија се докажало дека колагенските пептиди значително ги намалуваат брчките за над 30% по 3 месеци користење. Доколку се внесува колаген за да се намали болката во зглобовите, тоа може да потрае малку подолго пред да почнат да се јавуваат подобрувања. Спортистите кои дневно земале по 10 грама колаген пептиди, пријавиле значителни подобрувања во болките во зглобовите по 24 недели.

Човековото тело бара често снабдување со колаген. Впрочем, тоа е најобилниот протеин во телото, така што потребен е на многу места за оптимално здравје.

Колагенот е клучна компонента на нашите зглобови, тетиви и на коските!

Зглобната ‘рскавица првенствено се состои од колагенски влакна, тип 2, кои придонесуваат за структурата и силата на нашите зглобови. Нашите тетиви, каде што колагенот е клучна компонента, се силни фиброзни сврзни ткива кои ги поврзуваат мускулите со коските. Колагенот е подеднакво важен за коските, тој сочинува 90 % од органската коскена маса и опфаќа голем дел од нашата кожа, заби, тетиви, лигаменти, васкуларната лигатура и органи. 

Што да се користи за зглобови?

Се препорачува колаген Peptan® матрикс кој e 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, а е произведен по француска технологија. Говедски мулти-колагенски комплекс кој со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, поттикнувајќи го природното производство на колаген во нашиот организам. Mоже да се нарача преку следниов линк

Какви типови на колаген постојат, кој колаген е најдобар?

Постојат 16 различни видови колаген во човечкото тело. Најчесто се користат колаген од типовите I, II и III.
Тип I е најобилниот и најзастапен колаген што се наоѓа во човечкото тело. Составен е од еозинофилни влакна кои формираат делови од телото, вклучувајќи тетиви, лигаменти, органи и кожа (дермис). Има голема улога за заздравување на раните,  давајќи и мазност и еластичност на кожата.

Тип II: Колагенот тип II првенствено помага да се изгради ‘рскавица, која се наоѓа во сврзните ткива. Здравјето на нашите зглобови се потпира на ‘рскавицата направена од колаген тип II, поради што е корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис.

Тип III: Колагенот тип III е сличен на колаген тип I и помага да и се даде еластичност и цврстина на кожата. Исто така, учествува во формирање на крвните садови.

Колагенот може да биде конзумиран на различни начини како во смути, природни сокови или вода и чај. Обезбедува интегритет, еластичност и јачина на кожата, ‘рскавицата и на коските. Брендот е Arboreal, а повеќе информации може да прочитаме на ТУКА

Несомнено е дека треба да го внесуваме преку додатоците во исхраната, секако притоа пазејќи на исхраната, на регулирањето на стресот и практикување оптимален одмор.

Translate »