Книга „Демографските промени во македонските села“
Јас сум Христијан Аџиоски, локален туристички водич и стравствен вљубеник во македонските села. Безмалку сум ги посетил голем број на села во Македонија, го чувствувам нивниот пулс и добро ја препознавам посебноста за која секое село има свои аегументи на прашањето – зошто е посебно и различно од другите? Долго време ги истражувам македонските села во историски контекст, нивната етнографска припадност, национален состав, но и демографскиот процес за секое село посебно. Со оглед на тоа што Македонија е земја која што се соочува со масовно изумирање на своите убави и китни села, кои секојдневно сѐ повеќе се празнат и опустошуваат бидејќи голем дел од селското население својата сигурна иднина и егзистенција веќе децении наназад ја бара во градовите. Во оваа книга станува збор за стручна литература, која се занимава со проблематиката на демографските промени во македонските села во периодот од 1948 до 2002 година, анализирајќи ги сите фактори кои влијаеле врз големите промени на населението во Македонија. Се разработуваат масовните миграции село-град, природниот прираст, густината на населението, етничкиот состав, планските иселувања и други останати влијанија кои придонесле за промени во македонска демографија изминативе децении. Исто така од особено значење е и обработката на целосно раселените и историски села на територијата на Македонија, од кои голем дел повеќе не се ни споменуваат, па една од целите е трајно зачувување на одредени македонски топоними и поранешни населени места кои повеќе не егзистираат. Се дава и етно-географски опис на македонските области, нивната историографска важност, етнографија и компаративен пристап во популацијата низ сите пописни години. Потребни се финансиски средства за печатење на делото, како и за негова понатамошна промоција. Појавувањето на оваа книга ќе значи збогатување на македонската стручна литература со уште еден ракопис кој на едно место собрал цела ризница од факти и податоци за сите села во Македонија.
Ризици и предизвици
Постои ризик литературното дело да не излезе во печатена форма поради недоволно финансиски средства, потребни за печатење, лекторирање, техничко средување, промоција. Доколку се создадат услови за реализација на проектот – ризици повеќе не постојат.