Словенија после 15 години живот во Европската унија. Што се променило?
После 15 години живот во Европската унија, Словенија има 268.039 приклучоци на канализациона мрежа, а пред да влезе во Унијата имала 171.555. Речиси сто илјади повеќе. Можеби тоа има призвук на иронија, но статистиката покажува дека Словенија после децении и искуство во Европската унија е навистина подобро место за живеење.
Просечниот животен век на мажите пораснал од 73,48 на 78,05 години, додека кај жените растот е нешто помал од 81,08 на 83,66. Бројот на деца во градинките скокнал од 54.815 на 86.703, односно од 61.4 проценти на дури 80.4.
Скоро двојно се зголемил бројот на старт-ап компании, а вкупниот број на различни настани во културните институции кои се зголемил од 12.400 на 22.183 секако не е само прашање на цивилизациски момент. Во споредбата со тоа скокнала и на посети на културни настани од 2.683.404 на 4.358.382.
А “суровата” економска статистика вели дека БДП по глава на жител од 13.900 е зголемен на 22.182 евра, а просечната нето плата од 701,90 на 1,092.74 евра.
Вработеноста се намалила од 6,3 на 5,1 проценти, а и извозот и увозот паралелно се скоро тројно зголемени.