Шокантно откритие на американско-мексиканската граница: Децата кои што доаѓаат со мигрантите, воопшто не се нивни!

Мигрантите ја преминуваат границата користејќи ги олеснувањата во американскиот закон за миграција кој овозможува луѓето кои ќе пристигнат со деца да не бидат депортирани веднаш во своите матични земји.

ДНК тестирањата на децата мигранти кои биле фатени заедно со своите „семејства“ за време на илегалниот премин на американско-мексиканската граница откриле дека во дури 30% од случаевите, децата воопшто не се во никакво сродство со возрасните лица во чија што придружба се обиделе да пристигнат во САД.

Во пилот програмата која ја спроведува Службата за имиграционо и царинско извршување “ICE”, тестирањето било спроведено над мигрантите за кои што постоело сомнение дека на границата пристигнале со деца кои воопшто не се нивни.

Возрасните лица секогаш тврделе дека станува збор за нивни деца, но тестирањата ги шокирале Американците. Инаку, “ICE” програмата ја тестирале во два градови во близина на американско-мексиканската граница, Мекален и Ел Пасо во американската сојузна држава Тексас.

Рекорден број на мигранти од Јужна Америка пристигнаа во САД во изминатите неколку месеци, користејќи ја „дупката во законот“ која им дозволува на оние кои што пристигнуваат со деца да избегнат приведување или депортација.

Translate »