Вака се живееше во поранешна Југославија: Дали беше подобро тогаш или сега?
На денешен ден, 25-ти мај, се славеше најпопуларниот празник во поранешна Југославија – Денот на младоста.
Централниот настан на овој симболичен празник на социјалистичкиот концепт на братство и единство беше слетот на стадионот ЈНА во кој учествуваа пионери, младинци, студенти, но и припадници на сите родови на војската на СФРЈ. На настанот му претходеше носење на штафетата на младоста која претходно поминуваше илјадници километри од Триглав до Гевгелија, за на “саканиот претседател” да му ја предадат познати спортисти или угледни младинци.
Последната штафета е направена и донесена во Белград во 1987 година, седум години по смртта на Јосип Броз Тито.
И покрај тоа, празникот кој го одбележуваше датумот на раѓање на претседателот успешно ја “преживеа” и неговата смрт и распадот на Југославија, а со тоа многумина и денес го одбележуваат, но тврдејќи дека тогаш се живеело многу подобро.
На денешен ден, на тие убави времиња ќе се присетат и оние кои со носталгија гледаат на животот во Југославија, но и оние кои не би се вратиле во тоа време, а дел од тогашната атмосфера е прикажана на видеото во продолжение: