Велосипедист објавил шокантна фотографија од нозете по 13 етапи на трка

Велосипедистот Хозе Хоакин Рохас ги покажал последиците од возењето на 13 етапи на трката Џиро Д’Италија со шокантна фотографија која ја објавил на Инстаграм.

“Спремен за војна”, напишал 33-годишниот Шпанец покрај фотографијата, а многумина искоментирале дека вените му изгледаат како да ќе експлодираат во секој момент. 

Некои веднаш сугерирале дека станува збор за Фотошоп, но тоа не е случај, а Рохас не е ни првиот кој покажал како изгледаат нозете по повеќечасовно возење – и тоа повеќе дена по ред.

Во април минатата година, Томас Марцински споделил фотографија од нозете по тринеделна припрема.

Многумина останаа и шокирани од Павел Полјански кој објави фотографии во текот на Тур де Франс 2017 година.

Д-р Бредли Лауниконис од универзитетот во Квинсленд објаснил дека вените набрекнуваат поради количината на крв која циркулира низ нив.

“Нормалната количина на крв која заминува во нашите нозе е пет литри по минута. За атлетичарите станува збор за околу 20 литри по минута. Но, овие елитни велосипедисти имаат двојно поголема количина, околу 40 литри по минута. Крвта може таму да се собере и тоа се случува во овие екстремни случаи”.

Translate »