ЗАБРАНАТА ТРГНАТА, МАКЕДОНСКОТО ОВОШЈЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЕЗУВА ВО РУСИЈА
Од понеделник 27 мај 2019 ,официјално се укинува забраната од Русија за увоз на македонско коскесто овошје. Тоа значи дека македонските цреши, сливи, праски и слично повторно ќе се најде на пазарот во Русија.
Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација објави дека целосно ја укинува забраната за увоз на македонско коскесто овошје. Секоја пратка од сега ќе биде проследена со лабораториска анализа од македонската Државна фитосанитарна лабораторија која е акредитирана за анализа .
Лани во август Русија го забрани увозот на овошје од Македонија откако во македонските производи беше пронајден штетниот организам Monilina Fructicola.
Во првото тримесечје од оваа година, забележан е пораст на македонските производи на рускиот пазар од 41,4 отсто и пад на увозот од Русија за 3,3 отсто.
Првите три месеци од годинава македонските компании на рускиот пазар продале стока во износ од 9,41 милиони долари, додека за истиот период лани оваа бројка изнесуваше 6,67 милиони долари.