Нуклеарка на Балканот? Србите тврдат дека Милошевиќ наредил минирање на нуклеарка во Словенија, а нацртите ги имаат Русите!

Иако оваа информација не е официјално потврдена, наводно бројни тајни служби веќе со години го бараат експлозивот и нацртите.

Слободан Милошевиќ во налет на бес во 1991-ва година, наводно наредил минирање на нуклеарната електрана „Кршко“ која се наоѓа на истокот на Словенија, во близина на хрватскиот главен град Загреб. Како што пренесува српски „Курир“, нацртите од тој план денес се наоѓаат во Москва.

Според споменатитот медиум, агентите на ЦИА, МИ6 и БНД наводно се уште се обидуваат да дојдат до опасниот документ. Извор близок до „Курир“ кој соработува и со „Викиликс“ открил дека Милошевиќ во 1991-ва година поради соборување на хеликоптер во Словенија, без размислување наредил минирање на нуклеарната електрана „Кршко“.

„Стручните оперативци го предупредија Милошевиќ и му нагласија дека последиците од ударот и радијацијата би имале ефект на нуклеарна бомба која ќе резултира со огромни последици по цела Европа. Потоа тој ја стопирал акцијата и наредил повлекување на специјалните единици кои го минирале подрачјето во Словенија. Оперативците при повлекувањето, самоиницијативно во знак на предупредување го кренале во воздух далеководот во околината на нуклеарката“, открива неименуваниот извор за „Курир“.

Милошевиќ тогаш му го предал нацртот на својот брат Борислав кој од 1998-ма година бил амбасадор во Русија. Милошевиќ тогаш бил близок со властите од Москва, па тој план сега се наоѓал на „тајно место“ во рацете на 60-годишен човек кој бил припадник на Националната гарда и бил познат по прекарот „Лавот на Путин“.

„Без планот за минирање, никој не може да го демонтира ова подрачје. Разузнавачите од бројни тајни служби се обидуваат на сите можни начини да дојдат до тој план, затоа што и натаму постои реална опасност експлозивот да се активира и да убие милиони луѓе“, тврди изворот на „Курир“.

Translate »