ИНДУСТРИСКИ ПРЕРАБОТЕНА ХРАНА Е ПОВРЗАНА СО ПРЕРАНА СМРТ

Индустриски преработена храна како похувано пилешко, сладолед или преработени житарки е поврзана со изгледите за предвремена смрт и полошо здравје, предупредуваат научниците.

Научниците во Франција и Шпанија велат дека потрошувачката на такви прехранбени производи станала пообемна. Нивните студии не претставуваат краен доказ за штетноста на овие храни, но доаѓаат веднаш по истражувањето кое покажало дека таквата храна предизвикува прејадување.

Експертите изразуваат претпазливост и повикуваат на дополнителни истражувања.

Индустриски преработена храна може да се препознае по долгиот список на состојки на амбалажата, вклучувајќи и конзерванси, засладувачи и вештачки бои, а професорката Маира Бес-Растоло од Универзитетот Навара, за БиБиСи Њуз изјави дека доколку пакувањето содржи повеќе од пет состојки веројатно се работи за индустриски преработена храна како колбаси или хамбургери, преработени житарки, инстант супа, похувано, колачи, чоколади, сладолед, масовно произведен леб, готови јадења и друго.

Во рамки на првото истражување, кое го спроведе шпански универзитет, следени се 19.899 лица во текот на десет години, а секоја година е анализирана нивната прехрана. Во тој период, починале 335 испитаници. На секои 10 смртни случаи од оние кои најретко конзумирале индустриски преработена храна починале 16 од оние кои најчесто јаделе таква храна (повеќе од четири порции дневно).

Во втората студија, која ја спроведе Парискиот универзитет, следени се 105.159 лица во текот на пет години и нивната прехрана била анализирана двапати годишно. Тоа истражување покажа дека конзумирањето индустриски обработена храна резултира со полош здравје на срцето.

Стапката на кардиоваскуларни болести изнесуваше 277 на 100.000 луѓе годишно меѓу оние кои консумирале индустриски преработена храна, во споредба со 242 на100.000 кај оние кои најмалку  јаделе ваква храна.

Др. Матилда Тувие од Универзитетот во Париз изјави за БиБиСи Њуз: Забрзаниот и раширен пораст на конзумирање  индустриски преработена храна на сметка на изворна исхрана може да претставува значителен товар за кардиоваскуларните болести во следните децении”.

Тувие вели дека има сè поголеми докази за штетноста на оваа храна. „Зголемениот број на независни студии ја идентификуваа врската меѓу индустриски обработената храна и штетните здравствени ефекти”. Минатата година воочена е зголемена врска со карциномите.

Професорката Бес-Растроло од Универзитетот во Навара вели дека е „многу сигурна” дека оваа храна е лоша за здравјето.

Предизвикот за научниците е да бидат сто проценти сигурни.

Истражувањата утврдиле постоењето обрасци помеѓу таквата храна и лошото здравје, но не докажале дека едното го предизвикува другото. Научниците истакнуваат дека оние кои најмногу јадат индустриски обработена храна имаат најголема шанса да имаат други нездрави навики како што е пушењето.

Но Кевин Мекконвеј, професор по статистика на Опен универзитетот, вели дека никој не може да биде сигурен дека сè што е релевантно е земени предвид. „Овие студии го зголемуваат моето убедување дека нешто навистина лошо се крие зад овие врски, но сепак далеку од тоа дека сум убеден”.

Научниците веруваат дека луѓето можеби јадат многу индустриски преработена храна поради тоа што е богата со енергија, но и недостасуваат многу хранливи состојки и влакна, а можеби не е здраво да се консумираат адитивите кои се дел од таа храна, иако истражувањата покажаа дека се безбедни за консумирање, лесни за јадење и ја потиснуваат поздравата храна, бидејќи кој ќе земе овошка ако има ссладолед.

Нутриционистката Викторија Тејлор од британската фондација за срце потсетува дека одамна се препорачува прехранаткако медитеранската, која се одликува со непреработени намирници како овошје, зеленчук, риба, зрнести плодови, мешункасти плодови и интегрални житарки.

Тоа, заедно со редовно вежбање и непушање, се покажа како корисно за намалување на ризикот од срцеви заболувања и болести на крвотокот.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Бритиш Медикал џурнал.

Translate »