Катастрофа во Лучани, “потоп” во Краљево, критично во Нови Пазар
Селото Вича, во општина Лучани, речиси целосно е под вода, јавува репортер на ТВ Прва. Спасувачките екипи се на терен, но не е целото село евакуирано.
Спасувачките екипи со механизација од рано наутро се на терен, јавува репортерот на ТВ Прва, кој изјавил дека е “шокиран од глетката која ја начекал”. РХМЗ соопштил дека силни врнежи се очекуваат во текот на целиот ден.
Директорот на градските служби за спасување изјавил дека и покрај пристигнатата механизација и спасувачките тимови, малку може да се направи за приливот на водата да се спречи.
Градоначалникот на општина Лучани рекол дека неколку села се под вода. Според неговите зборови, силниот дожд почнал да паѓа во околу шест часот наутро, а наредба за евакуација е издадена во 6:30 часот. Меѓутоа, не е целото население евакуирано.
На снимките на ТВ Прва се гледа огромна количина на вода која поплавила цело село. Влегла и во куќите. Затворен е патот Луча-Лучани, како и државниот пат кон Краљево.
Вонредно во Краљево
Поради дождот кој од вчера не престанува на подрачјето на Краљево се излеале потоците во Сирча, а поплавени биле и неколку куќи во Рибница.
Прогласена е вонредна состојба за целата територија на градот. Во некои делови на Краљево, паднале меѓу 30 и 60 литри по метар квадратен, а во текот на ноќта и утрото во некои делови на Краљево, немало ни електрична енергија.
“Ситуацијата е многу лоша. Канализацијата не прима вода. Во некои делови на Краљево, паднале меѓу 30 и 60 литри по метар квадратен, а во текот на ноќта и утрото во некои делови на Краљево немало ни електрична енергија.
#Kraljevo #poplave2019 #srbija609:34 AM – Jun 3, 2019 · Kraljevo, Srbija42 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
Вонредна ситуација е прогласена и во општината Книч.
Поради силните дождови реката Дуленка се излеала и сега е закана за општината Рековац.
“Ја ангажиравме Цивилната заштита, претпријатијата, населението, ставивме вреќи со песок на критични места и засега нема опасност”, рекол претседателот на општината Александар Џорџевиќ.
Џорџевиќ, кој е и началник на Секторот за елементарни непогоди во општината, додал дека сите институции се во приправност и дека ќе интервенираат доколку биде потребно.
Критично и во Нови Пазар и Тутин
Обилните дождови кои паѓаат повеќе од 15 часа на територијата на општина Тутин предизвикале поплави на повеќе локации во потесниот центар на градот, а локалниот пат Тутин-Мехов Крш е непрооден за сообраќај поради излевање на реката Видрењак.
Според податоците од метеоролозите, на подрачјето на општина Тутин од вчера паднале околу 90 литри дожд по метар квадратен, а обилни врнежи се најавени и за во наредните 24 часа.