Научникот што ја создаде вакцината: Нормалниот живот ќе се врати следната зима
Проф. Угур Сахин, човекот кој ја создаде вакцината, коосновач на БиоНТек вели дека оваа зима ќе биде тешка од причина што вакцината нема да има големо влијание на бројот на инфекции. Влијанието на новата вакцина се очекува да се почусвтвува во текот на следното лето а животот да се врати во нормала со следната зима.
Минатата недела од БиоНТек, што ја развива вакцината заедно со „Фајзер“, изјавија дека прелиминарната анализа покажа дека нивната вакцина може да спречи повеќе од 90% од луѓето да добијат ковид-19. Вакцината е тестирана на околу 43.000 луѓе.
Во интервју за „Би-Би-Си“, професорот Сахин изјави дека е убеден дека вакцината ќе го намали пренесувањето на заразата меѓу луѓето и дека ќе го запре развивањето симптоми кај оној што ја примил. Можно е, рече тој, вакцината да го преполови пренесувањето на заразата, што ќе има големо влијание.
„Јас сум многу уверен дека преносот помеѓу луѓето ќе се намали со толку високо ефективна вакцина – можеби не 90%, но можеби 50% – но не треба да заборавиме дека дури и тоа може да резултира со драматично намалување на ширењето на пандемијата“, рече Сахин.
Ако сè продолжи да оди како што треба, рече тој, вакцината ќе започне да се доставува на „крајот на оваа, почетокот на следната година“. Целта е да се испорачаат повеќе од 300 милиони дози ширум светот до следниот април, рече тој, но тоа може да овозможи само почетно влијание.
Целиот текст прочитајте го на СДК.мк