Опасност доаѓа од Антарктикот: Огромен глечер се топи со толкава брзина што нивото на морето ќе се крене за половина метар, а потоа настанува катастрофа
Големиот глечер Твејтс на Антарктикот се топи со толкава брзина, што нивото на морето би можел да го крене за катастрофални 50 центиметри.
Доколку се достигне критичниот стадиум, целиот глечер, со површина од 70.000 квадратни милји, би можел да се стопи во морето во наредните 150 години.
Нивото на морето тогаш би било 2,5 пати повисоко отколку во 19-тиот век, пред да започна ерата на глобалното затоплување.
“За само 150 години глечерот би можел во целост да се стопи и морето ќе се крене за половина метар”, рекла научничката од НАСА, Хелена Серуси.
Твејтс е само еден од петте глечери за кои се предвидува дека ќе останат без мраз поради превисоките температури на океаните.
Кога потоплата вода доаѓа во контакт со копното, тоа почнува да се топи. Потоа морската вода го крева глечерот, со што се забрзува неговиот ток во морето, односно неговото топлење и со самото тоа, неговото исчезнување.
Научниците предупредуваат дека овој процес се одвива сам од себе, речиси незапирливо, што посебно загрижува.