Не кажувај ми колку си образован, кажи ми колку си патувал

Цитатите за патувања на најубав начин ја пренесуваат суштината на патешествијата низ светот, а нивната формула гласи: истражувај, запознај, живеј! Патувањата се и доказ дека постои друго богатство покрај материјалното, па често ќе слушнете дека шетањето низ светот е единствената работа што чини пари, а истовремено и збогатува.

За тоа колку се важни патувањата за начинот на кој го гледаме светот, редовно нè потсетува и културата, која ни нуди голем број литературни цитати, филмски сцени, па дури и цели книги и песни за патувањата.

Во продолжение ви ги нудиме најубавите цитати за патувањето – од книгите, филмовите и песните. Несомнено е дека ќе ве инспирираат да ги спакувате куферите и да тргнете на некое патување.

– Не сите оние што лутаат се изгубени – напишал творецот на „Господарот на прстените“, Толкин, во неговата песна „Не е злато сè што сјае“. Оваа реченица е еден од најпознатите цитати за патување од светот на книгата.



– Запознај го светот. Пофантастичен е од секој сон направен или платен во фабрика – со овој цитат Реј Бредбери алудирал на значењето на патувањето во неговиот култен роман „Фаренхајт 451“.

– Имаш мозок во главата. Имаш нозе во чевлите. Можеш да се упатиш на која било страна што ќе ја избереш – напишал Теодор Гејзел во прекрасната детска книга „Ох, местата што ќе ги видиш!“

– Вистинската убавина на патувањето не се состои во откривање нови пејзажи, туку во менувањето на погледот кон светот – напишал Марсел Пруст во неговото најпознато дело „Во потрага по изгубеното време“.

– Остави го светот да те промени, па и ти ќе можеш да го промениш светот – напишал најпознатиот револуционер Че Гевара во „Дневникот на мотоциклистот“.

– Да патуваш, значи да живееш – напишал Ханс Кристијан Андерсен во својата автобиографија.

– Патувањето е вредно за секоја цена и жртва – напиша Елизабет Гилберт во книгата „Јади, моли се, уживај“.

– Градовите отсекогаш биле како и луѓето, покажувајќи ги своите различни особини. Зависно од градот и туристите, меѓу нив може да постојат љубов и несогласувања, пријателство или непријателство – напишал Роман Пајн.

– Светот е книга, а оние што не патуваат читаат само една страница – се зборови што му припаѓаат на Св. Августин.

– Не кажувај ми колку си образован, кажи ми колку си патувал – напишал Мухамед, исламскиот пророк.

Цитати за патувањето од филмовите

Не се само книгите оние што нудат прекрасни мисли за патувањето. Цитати за патувањето, преубавите предели во светот и лутањето низ светот забележа и филмската камера.

– Сакам кога ќе се разбудам наутро, не знаејќи што ќе се случи, кого ќе запознам и каде ќе ме однесе ветрот – Џек Досон, „Титаник“.

– Светот не е во книгите и мапите, тој е надвор – Гандалф, „Хобитот“.

– Нека патувањата нè одведат далеку од домот, а некои авантури до нашата судбина – „Хрониките на Нарнија“.

– Каде треба да одиме ние што лутаме по овој свет барајќи подобра верзија од себеси? – „Лудиот Макс“.

Fakulteti.mk

Translate »