ВИДЕО: Милс со 30 поени ги водеше „кенгурите“ кон изненадувачка победа над САД
Aвстралија ја шокира репрезентацијата на САД (98-94) и победи на вториот пријателски натпревар во пресрет на Светското првенство.
- Извештај од натпреварот:
Плејмејкерот Пети Милс ја водеше својата репрезентација до изненадувачка и прва победа во својата историја против американскиот „дрим-тим“. Над 52.000 гледачи го проследија овој меч на кој австралиските кошаркари направија завршна серија во третата четвртина од 20-8 за да стигнат до пресврт во финишот.
Токму Милс беше најефикасен во тој период со осум поени. Џо Инглс и Ендру Богут исто така беа одлични и придонесоа во овој голем триумф.
Милс го заврши мечот со 30 поени, Богут се надоврза со 16 поени и шут од поле 7/8, а Инглс постигна 15 поени и подели седум асистенции.