ИЗНЕНАДУВАЧКИ, НО ПРАВЕЊЕТО НИШТО СИ ИМА СВОИ ПРЕДНОСТИ

Дали понекогаш си дозволувате да не правите апсолутно ништо? Денешната култура го гледа времето како луксуз кој е свет и кој мора постојано да биде исполнет, само за да не го потрошиме. Нашето мислење толку се изменило што дури го величиме мултитаскингот. Правењето ништо е трошење скапоцено време – вистинско злодело. Но дали навистина е така? Зарем нема никаква придобивка од тоа да одвоите време за купка, или да гледате низ прозорецот не правејќи ништо?

Зошто сметаме дека продуктивноста и постојаната зафатеност се нешто најважно? Зошто се чувствуваме подобро кога трчаме на лентата за трчање која не заморува, отколку кога јадеме сендвич во паркот? Денес зафатеност е најдоброто нешто.

Добрите вработени ручаат пред компјутерот работејќи, или мислат дека прават пауза гледајќи неважни нешта на Интернет. Ова не е пауза. Вистинската пауза би била да излезете од канцеларијата и да откриете каков е денешниот ден. Но никој од нас не си ја дозволува паузата која ќе ни ја даде потребната енергија попладне. Се разбира, овде се и нашите смартфони кои постојано се вклучени и кои gi прават продуктивноста и достапноста поважнi од времето за себе и личниот простор.

Ние се лажеме дека сурфањето на Интернет е исто со одмор, но не е така. Ние си ги одвлекуваме вниманието и премногу го стимулираме нашиот мозок со стотици информации кои не ни се од никаква корист. Всушност, ова сурфање е трошење време во вистинската смисла на зборот.

Од друга страна, правењето ништо не е трошење време. Иако е сосем спротивно на продуктивноста, сепак не е трошење време. Ако си дозволите само да го набљудувате денот без никакви мисли освен за она што е пред вас, вие сте продуктивни на друг начин. Ова правење ништо го одмора вашиот ум и ја храни вашата душа. Тоа ви создава нови можности и ви ја обновува вербата во животот и во вас.

Изговорот кој најчесто го користиме е тоа дека сме премногу зафатени. Навистина? Колку време поминувате гледајќи телевизија, сурфајќи на Iнтернет или на социјалните мрежи? Сите овие активности е многу подобро да ги заменете со време кое ќе си го посветите себеси. Тоа ќе биде искуство кое навистина ќе ве исполни./Кафе пауза

Translate »