Во К. Вода не го стружеле сонцето, го тргнале капакот
Шахтите пак ги разочараа скопјани. Овој пат не е затоа што им се струга шеснаесеткракото сонце од капакот, туку затоа што им ги нема капаците. Имено, на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, денеска беа објавени фотографии од автомобил чие тркало пропаднало во незатворена шахта.
Скопјанката чиј автомобил пропаднал во дупката го прашува градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски дали ќе и плати за штетата на нејзиниот автомобил.
Инаку, шахтата која не е затворена, се наоѓа на улицата „Борис Трајковски“.