Заев-Брнабиќ: Најсериозна алатка против лажните вести е вистината
Премиерите на Северна Македонијa и на Србија Зоран Заев и Ана Брнабиќ сметаат дека за борба против лажните вести потребен е заеднички институционален одговор.
Одговарајќи на прашањето за тоа што српската Влада презема за да се справи со лажните вести кои се објавуваат во тамошните медиуми, и дали Владата на Брнабиќ реагирала посебно во контекст на аферата „Рекет“, српската премиерка рече дека нивниот одговор е фокусирање на конкретни работи кои треба да ја истакнат соработката меѓу двете држави.
-Ќе кажам дека феноменот на лажни вести постои во целито свет и тоа е феномен на современото време, комуникација на социјалните мрежи. Тие ни одземаат многу време и енергија и имате дилема дали да ги објаснувате лажните вести или да работите во интерес на граѓаните. Ние се трудиме секогаш да се фокусираме на конкретни работи како што е ова денес што може да придонесе за подобар квалитет на животот на граѓаните и се надеваме дека граѓаните ќе можат да препознаат што е лажна вест. Лажните вести се нешто со што политичарите морат да се справат и тоа ќе биде еден од проблемите за кој треба да побараме заеднички инстиуционален одговор, рече Брнабиќ на прес конференцијата со премиррот Заев.
Премиерот Заев рече дека лично тешко му паѓаат сите лаги и невистини, и се согласи дека мора да се најде институционален одоговор, паралелно со одржувањето на традиционално добрите дноси меѓу двете земји.
-Нашата земја, оваа влада и јас лично сме 100 процентно определени на градење добри билатерални односи. Нашите односи традиционално биле добри и наша обврска е да бидат уште подобри. Нема да дозволиме одредени медиуми со ширење лажни вести да ги нарушат. Лично, тешко ми паѓаат лагите и невистиите и се обидуваме низ вистината да ги дадеме одговорите. Светот има голем пробем со лажни вести и ќе мора да најдеме институционален начин за борба. Лажните вест можат да уништат инегритет и достоинство на личност и на цело семјество. Лажните вести и невистините се штетни за демократијата. Досега најсериозна алатка против лажните вести е вистината, рече Заев.