СВЕТСКОТО ЗАПОЧНА СО ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА СРБИЈА (ВИДЕО)

loading...

Денеска почна Светското првенство во кошарка за мажи во Кина, откако еден од фаворитите Србија, запиша убедлива победа во првиот меч против Ангола со 105:59 (29:20; 21:12; 28:15 27:12) во меч од групата „Д“.

Богдан Богдановиќ беше најуспешен за нашите северни соседи – 24 поени, Никола Јокиќ и Никола Милутинов додадоа по 14 поени, а Бобан Маријановиќ се истакна со „дабл-дабл“ – 12 поени и 10 скока.

Карлос Мораиш постигна 25 поени за Анголците, а Лионел Пауло заврши со 10 поени.

Translate »