Нивната славна љубов згасна: Познати парови кои се разделија во 2019 година
Денеска се присетуваме на најпознатите и најшокантни љубовни бродоломи на познатите парови во последните 12 месеци.
Иако делуваа многу хармонично каде и да се појавеа, овие бракови завршија засекогаш, а причините за тоа биле различни.
Кајли Џенер и Тревис Скот
Младата милијардерка Кајли Џенер и раперот Тревис Скот кои заедно ја имаат ќерката Сторми, раскинаа во октомври по двегодишна врска. Иако во јавноста не ја потврдија причината за разделбата, се смета дека истата е тоа што Кајли сака брак и уште деца, а Тревис не.
По разделбата, јавноста ја поврзуваше Кајли со уште еден рапер – Дрејк, но никој од нив двајца не ги коментираше ваквите гласини.
Колин Фирт и Ливија Фирт
Британскиот актер Колин Фирт и неговата сопруга Ливија беа повеќе од 22 години во брак. Кога пред неколку години се дозна за неверството на неговата сопруга, тие некако успеаја да ја пребродат оваа криза, но сепак овој декември изјавија дека се разведуваат. Парот заедно има двајца синови.
Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт
Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се венчаа пред крајот на 2018 година, но после 8 месеци објавија дека се разведуваат. Наводно Мајли била таа која побарала развод откако со месеци живееле одвоени еден од друг, а се зборува дека Лијам дознал за сето ова преку социјалните мрежи. Оттогаш Мајли беше во врска со блогерката Кејтлин Картер, но подоцна повторно им се врати на мажите и моментално е во врска со пејачот Коди Симпсон. Лијам од друга страна го поврзуваат со австралиската актерка Медисон Браун, но ниту еден од нив сè уште не ја потврдил ваквата информација.
Бредли Купер и Ирина Шајк
Иако актерот Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк без никаква драма се договорија за заедничко старателство околу својата ќерка, многумина сметаат дека за нивната разделба е виновна Лејди Гага со која Бредли имаше доста возбудлива изведба на песната “Shallow” на доделувањето на Оскарите оваа година.
Лејди Гага и Кристијан Карино
Интересно е што и Лејди Гага остана сама оваа година иако требаше да се венча за својот, сега веќе поранешен агент Кристијан Карино.Четири месеци откако тој ја запроси, поточно во февруари оваа година, таа го промени своето мислење и го напушти.