Следи најголемата работна промена во историјата: Многу од професиите ќе заминат во заборав

Со развојот на вештачката интелигенција многу од професиите ќе заминат во заборав, а роботите ќе преземат поголем дел од професиите кои сега ги извршуваат луѓето.

Промената ќе ги зафати и некои професии кои моментално се безбедни. Најчесто тоа ќе бидат професиите кои се занимаваат со финансии и финансиско советување, преведување и транспорт.

Реално е дека работниот пазар константно се менува.

Пред само неколку години, за наплатување услуга беа потребни луѓе, од аеродром, железници, супермаркети, гаражи па сè до наплатни рампи на автопатите.

Денес плаќањето се реализира по пат на апарати и паметни телефони.

Покрај тоа, во наредните десет години и возачите, преведувачите, новинарите, луѓето кои се занимаваат со услужување на клиенти, туристички водичи, библиотекарите – како професии ќе заминат во заборав, пишуваат од Меѓународното кинеско радио (CRI).

Translate »