Словенечки новинар осуден за клевета за текст за таткото на Меланија Трамп

Словенечкиот новинар и публицист Бојан Пожар мора јавно да му се извини и да му исплати отштета од 5.000 евра за клевета на Виктор Кнавс, таткото на американската прва дама Меланија Трамп, пресуди Вишиот суд во Љубљана, а соопшти љубљанската адвокатска канцеларија Пирц Мусар&Лемут Штрле.

Освен тоа, Пожар е должен да плати и речиси 2.000 евра за судски трошоци, соопшти адвокатската канцералија.

Пожар, пред две години, на својот портал навел дека таткото на Меланија Трамп на времето, пред речиси 30 години, во Словенија се занимавал со продажба на автомобилски делови и дека тогаш завршил во истражен затвор заради затајување данок.

Со пресудата судот нареди Пожар прво да му се извини на Кнавс во својот медиум, и во истиот каде ја објавил првичната веста сега да ја објави и пресудата во која се наведува дека станува збор за невистинсити и навредливи тврдења.

Судската постапка во која Кнавс го тужеше Пожар почна во 2017 година, а обвинетиот се изјаснил дека не се чуствува виновен.

Публицистот, кој со своите написи често пати и во словенечката политика ја возбудива јавноста и открива скандали зад политичките кулиси, по неочекуваната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година, објави две книги за Меланија Трамп од времето кога живеела во Слоенија, меѓу кои и нејзината неавторизирана биографија, но со сите тие написи имаше непријатности со семејството Кнавс, кое денеска живее во САД.

Во написот заради кој Кнавс тужел за клевета авторот Пожар се повикувал на наводни документи од словенечката полиција од времето на поранешна Југославија, објавени во Словенија под називот „Удба.нет“, како и на изјава на сосед на семејството Кнавс од Словенија, а што тие на судот го негираа.

Виктор Кнавс во својот исказ пред судот во Љубљана кажал дека никогаш во споменатото време не се занимавал со илегална трговија нити со затајување данок, а документите на кои новинарот се повикувал ги оцени како непотполни и неточни.

Translate »