Франс Прес: Атиџе ѝ гледала на кафе на Сара Џесика Паркер, ја нарече македонската пчеларка која го шармира Холивуд
„Медена земја“ го освојува светот. Целиот тим кој стои зад документарниот филм моментално е под рефлекторите на светлото од двете номинации за Оскар.
Франс Прес (Agence France-Presse) објави текст за Атиџе со коментари на Атанас Ѓоргиев.
Пред Honeyland да освои рекордни три награди на Филмскиот фестивал Санденс, Атиџе живееше во мала куќа од кал и камен, без струја и вода во дивината на Северна Македонија. Сега, тоа стана првиот филм кој кога било е номиниран за Оскар за Најдобар документарец и Најдобар странски филм, Атиџе стана славна личност која е застанувана на улица од холивудски ѕвезди.
„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја запозна откако го гледаше филмот“ – изјави Атанас Ѓоргиев за AFP.
Со оглед на тоа што 56 години живееше среќно без телевизија, Атиџе не беше запознаена со „Сексот и градот“, но грациозно ѝ ја претскажа судбината на актерката „гатајќи од талогот на дното на шолјата“.
Кога Атиџе отиде на проба за фустанот за Оскар во главниот град Скопје, ѝ беа потребни „20 минути за да изоди 200 метри“, бидејќи многу луѓе сакаа да си направат селфи со неа“ – откри Ѓоргиев.
„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Ние немаме избор освен да се носиме со тоа некако“ – рече исто така Ѓоргиев.
Оскаровска врева
„Антрополошки гледано, не би требало да го правиме ова“, вели Ѓоргиев за холивудската авантура на Атиџе, плашејќи се дека можеби таа ќе биде гледана „како лав во кафез… Но, имаше голем притисок од јавноста во Македонија“ за таа да оди на Оскарите.
И навистина, контрастот не може да биде поголем од самотниот живот на Атиџе во Бекирлија, каде се грижи за нејзините пчели, земајќи само половина од медот со цел пчелите секогаш да имаат свој дел…
…Критичарот А.О. Скот го опиша Honeyland како „пронајден еп, реална алегорија за животната средина и боцкава комедија за вечниот проблем со безобѕирни соседи“.
Ѓоргиев вели дека не им падна лесно од небото.
Снимањето траеше три години, а режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кампуваа во селото со камерманите додека батериите не им останеа празни, затоа што немаше струја во близина.
Еурека моментот беше кога „Атиџе зборуваше како половина од медот е за пчелите, а половина за неа. Тоа беше најмоќната реченица. Сторијата мајка-ќерка е толку прекрасна и речиси митолошка, но со медот, има конфликт, капитализам и консумеризам. Тоа говори нешто многу многу важно за светот“ – додава тој.
„Таа е остроумна, многу интелигентна и зборува четири јазици од различни јазични групи – турски, македонски, албански и влашки“ – вели Ѓеоргиев.
Ѓеоргиев смета дека голем дел од феноменалниот успех на филмот лежи во прекрасното срце на Атиџе.
Но, тој мисли дека има друга магија од покојната мајка, „матицата“. „Мислам дека ни фрли на сите магија за да ја чуваме ќерка ѝ кога неа ќе ја нема“ – рече тој.