Научници: Нема докази дека коронавирусот е добиен преку храна! Сепак, СЗО препорачува да избегнувате сирово месо
Засега не постојат докази дека новиот коронавирус се пренесува преку храна, соопштила Европската агенција за безбедност на храната EFSA.
Поради растечката загриженост поради ширењето на заразата, EFSA на својот веб сајт навела дека е малку веројатно заразата да се шири преку храна, додавајќи дека внимателно се следи ситуацијата, пренесува бриселскиот портал Еуроактив.
Главниот научник на Агенцијата, Марта Хугас, изјавила дека “претходните епидемии поврзани со коронавируси, како што се тешкиот акутен респираторен синдром SARS-CoV и блискоисточниот респираторен синдром MERS-CoV, покажуваат дека немало пренос со консумирање на храна”.
“Во овој момент, не постои доказ кој укажува дека коронавирусот на било кој начин е поинаков во тој поглед”, рекла Хугас.

Се верува дека животно е извор на првата инфекција, која се појавила во кинеската област Вухан кон крајот на 2019-та година.
Иако научниците и натаму ги истражуваат деталите како вирусот се пренесува, Европскиот центар за превенција и контрола на болести потврдил дека коронавирусот се шири меѓу луѓето воглавно преку кашлање и кивање.

Германската агенција за процена на ризици BfR се согласила со тој заклучок, додавајќи дека моментално не постојат случаи кои покажале било каков доказ дека луѓето заразени од новиот коронавирус се заразиле преку храна или преку предмети.
Сепак се предупредува дека е можен пренос преку површини кои неодамна се заразени од вирусот, но само во краток период по контаминацијата, поради релативно малата стабилност на коронавирусот во надворешното окружение.

И покрај тоа, белгиските здравствени власти неодамна донеле одлука во рестораните да не се служи непечено месо.
Во кантина во Берлемон, седиштето на Европската комисија, истакнато е известување дека “засега преферираат во понудата да немаат бифтек и непечено месо”.
Добро готвење на местото, избегнување на можна контаминацијата меѓу печен и непечено месо, водење сметка за хигиената за време на подготовката на храната, се некои од препораките на Светската здравствена организација.

EFSA, чие седиште е во Парма на северот на Италија, е опфатена од мерките на италијанската влада во борбата против ширењето на вирусот, а кои подразбираат и ограничување во движењето.
Вработените на оваа агенција работат од дома, а со експертите и партнерите комуницираат на телеконференции.

