Има 106 години и нема да биде депортирана
Најстарата мигрантка во Европа, Калиби Узбеки (106), сепак ќе остане во Шведска.
Иако шведските власти претходно го одбија нејзиното барање за азил, судот одлучи дека таа може да остане во земјата.
“Премногу сум стара за да ме враќаат дома, во Авганистан, таму нема ни болници ни лекови”, им се пожалила бабичката на новинарите.