ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВМЕ: Легендарни моменти од македонскиот спорт (видео)
Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро е да се потсетиме на легендарните моменти од македонскиот спорт.
Најголем репрезентативен успех на Македонија е секако пласманот во полуфиналето од Европското првенство во кошарка во 2011 година.
На тоа првенство остваривме голема победа против нашиот јужен сосед Грција (72:58), но секако најважна беше победата над Литванија која не однесе во полуфинале.
На теренот Бо, Перо, Војдан, Дамјан, Владо…покажаа фантастична игра и ја израдуваа македонската нација, а од тогаш се памети и легендарната изјава на Илиевски, „Леле леле што направивме. Македонијо, радувај се Македонијо“.
Да се потсетиме на драматичната завршница и големата радост!